Општествено одговорните компании, и во овие тешки времиња за сите, одлучуваат дека поддршката на детскиот развој и детските насмевки се приоритет. Секако детската насмевка е на прво место посебно во овие тешки времиња. Хуманост за чекор напред кон иднината.
ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас: Благодариме на фирмата Тотал Пост Логистик за големата донација на реквизити за поттикнување на развојот, релаксација и забава на децата. Ја олеснивте нашата работа и ги израдувавте децата.
Тотал Пост Логистик се потруди да уреди паркот околу детската клиника со високо квалитетни реквизити за поттикнување на развојот, релаксација и забава на децата. Истите беа поставени заедно со персоналот на ТПЛ и помош на вработените од клиниката.
Посакуваме побрзо оздравување и многу насмевки на сите дечиња кои се лекуваат во оваа клиника!